3K1A5930 800x600

Делегација предводена од претседателот на Нотарската комора г-дин Васил Кузманоски, претседателот на Меѓународната унија на нотарите г-дин Хозе Маркењо де Ллано (José Marqueño de Llano) ,  Потпретседателот на Германската сојузна нотарска комора и потпретседател на Комисијата за меѓународна соработка при Мегународната унија на нотаријатите  г-дин Ричард Бок (Richard Bock) и д-р Ловро Томашиќ, нотар во Германија во склоп на прославата 20 години од основањето на нотаријатот во РМ оствари работна средба со Министерката за правда д-р Рената Дескоска.

3K1A5983 800x600 3K1A6021 800x600

На средбата се дискутираше за соработката помеѓу Министерството за правда и Нотарската комора на РМ како и поддршката која меѓународните институции можат да ја дадат за идни реформи и унапредување на нотаријатот во Република Македонија.

3K1A6000 800x600 3K1A6053 800x600

Претставниците на меѓународната заедница истакнаа задоволство од работењето на нивните колеги нотари во Република Македонија, но и загриженост и итни потреби од реформи во однос на сегашното законско решение.

3K1A6031 800x600  3K1A6032 800x600