Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година донации беа поделени во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово, Центарот за деца со церебрална парализа во Скопје и бо ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола кој згрижува дечиња од најмала возраст па се до 3 години. 

 На 19 декември во посета на Центарот за деца со посебни потреби во Тетово беше потпретседателот на Нотарската комора на РМ, г-дин Наџи Зеќири кој изврши примопредавање на донација со согласност со потребите на дневниот центар и тоа технички апарати- машина за перење алишта и машина за перење садови.

донација Тетово сл. 1

На ден 20 декември во посета на новоотворениот Центар за деца со церебрална парализа во Скопје беше потпретседателот на Нотарската комора на РМ, г-ѓа Олга Димовска и во присуство на градоначалникот на општина Центар, г-дин Саша Богдановиќ на дечињата им беа поделени новогодишни пакетчиња.

донација СК сл. 1

Нотарската комора на Република Македонија и оваа година не ги заборави најмалите а тоа се дечињата од Домот  за доенчиња и мали деца во Битола на кои на ден 21 декември од страна на членот на Управниот одбор, г-ѓа Виолета Ангеловска им беше предадена донација од детски масички и столици, бебешка опрема, бебешки хигиенски препарати и млечна храна.

bitola

Подадената рака е секогаш добродојдена онаму каде што е потребно, а ние се надеваме дека ќе поттикнеме лавина од донации секаде каде истите се потребни. Нотарска комора на Република Македонија и во иднина како и до сега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година.