На ден 26 февруари 2019 година во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности се одржа работна средба помеѓу претставници од Нотарската комора на РМ предводена од претседателот, г-дин Васил Кузманоски и претставници од Агенцијата за катастар на недвижности предводени од директорот г-дин Борис Тунџев.

 

notari1

На работната средба беа разгледани прашањата и проблемите со кои се соочуваат нотарите при своето секојдневно работење со катастарот на недвижности, особено со работењето со е-кат шалтер апликацијата како и нејзино усовршување и надградба со цел поедноставен пристап за нејзино користење.

notari2

Имајќи ја предвид долгогодипната соработка која постои помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на РМ и Нотарската комора на РМ, оваа средба е една од низата средби одржани меѓу овие две институции која резултира со успешно и заедничко решавање на проблемите и дилемите кои се појавуваат во секојдневното работењето на нотарите.