На 16 ти декември во Тирана, Р. Албанија се одржа втор конгрес на тема Дигитализација, приоритет за модерен нотаријат.  Како претставници од Нотарска комора на РМ на конгресот присуствуваше делегација предводена од Претседателот г-дин Кузманоски Васил, потпретседателот г-дин Зекири Наџи и членот на Управен одбор г-дин Ѓурчиноски Сашо.

 

На Конгресот свое обраќање имаа Претседателот на Р. Албанија г-дин Илир Мета, Потпретседателката на Собранието на Р. Албанија и Претседател на Комисија за правни прашања г-а Василка Хиси, Претседателот на Меѓународната унија на нотарите г-дин Хозе Маркиеро де Ландо, Потпретседателот на Германската нотарска комора г-дин Ричард Бок, Претседателката на Албанската нотарска комора г-а Мимоза Садушај, а беа присутни и голем број на високи претставници од земјата и од странство.

Во своето обраќања, Претседателот г-дин Илир Мета истакна „Нотарската професија во нашата земја има значителна тежина во нашиот правосуден систем, тежина која може да се зголеми уште, затоа што квалитетот на нејзината услуга има непосредно влијание во ефикасноста на судството и на другите институции. Законските промени што ќе бидат преземени во овој правец, верувам дека ќе го третираат подобрувањето на ситуацијата на вашата професија, во правец на подобрување на актуелниот систем...„

Додека пак Пратеничката и Претседател на Комисија за правни прашања г-а Василка Хиси посочи „Почитувани нотари, вие имате многу важна мисија во рамка на спроведување на реформите во правдата, борбата против корупцијата, организираниот криминал, перењето пари, сузбивањето на финансирањето на тероризмот, но истовремено вашата улога е многу голема за да им се даде крај на конфликтите кои ги имаат граѓаните во врска со имотните прашања...„

Обраќање на Конгресот имаа и Претседателот на Меѓународната унија на нотарите г-дин Хозе Маркиеро де Ландо, како и Потпретседателот на Германската нотарска комора г-дин Ричард Бок. Во обраќањата меѓу другото се осврнаа на ситуацијата со нотаријатот во Р. Македонија. И двајцата оценија дека во минатата година нотаријатот во Р. Македонија поминал низ тежок период, но сепак сега се надеваат на по добро законско решение со оглед на тоа што во моментов има постапка за измени и доплнување на постоечкото, кое ќе го врати нотаријатот повторно кон основните принципи на латинскиот нотаријат карактеристичен за земји каде се применува континентално право, како што е и нашата земја.

Главна порака од Конгресот беше потребата за дигитализација и модернизација на нотаријатот без притоа да се излезе надвор од рамките на латинскот тип на нотаријат.

Делегацијата на НКРМ исто така оствари средба со делегациите на Нотарските комори на Германија, Италија, Швајцарија, Грција, Србија, Црна Гора, Косово и Хрватска.