Претседателот на Нотарска комора на РМ, г-дин Васил Кузманоски и Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“,  проф. др. Горан Коевски, на 7.10.2017 година во Струга, потпишаа Меморандум за соработка.

 

Теоријата и праксата се нераздвојни при градење на сигурно правно општество, а со потпишувањето на овој меморандум Нотарска комора на РМ и Правниот факултет „Јустинијан Први “се обврзаа да  соработуваат на полето на едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.

Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе биде секогаш отворен за соработка, давање на стручни и научни мислења и пружање стручни консултации во врска со работи од надлежност на Нотарската комората, како и при спроведувањето на обуки и стручни усовршувања на вработените и членовите на Нотарската комора. Додека пак Нотарската комората на РМ е согласна нејзините кадри на покана, да изведуваат предавања на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во насока на соработка и реализацијата на наставно- научниот процес, Нотарската комора на РМ, односно заинтересираните нотари се отворени за соработка и изведување на  практична  настава  на  студентите  на  Правниот  факултет „Јустинијан Први“.

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30