Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветуваме на најмалите, ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола кој згрижува повеќе од 60 дечиња, од најмала возраст па се до 3 години.

Во посета на Домот на 25.12.2017 година беше делегација составена од Претседателот на Нотарскaта комора на Република Македонија, г-дин Васил Кузманоски и член на Управниот одбор, г-ѓа Виолета Ангеловска кои предадоа донација во согласност со потребите на Домот. Истата се состои од технички апарати, бебешка опрема како и млечна храна. Делегацијата оствари и средба со директорката г-ѓа Соња Илиевска.

Подадената рака е прифатена од мноштво мали рачиња, а ние се надеваме дека ќе поттикнеме лавина од донации секаде каде истите се потребни.

Нотарска комора на Република Македонија и во иднина како и до сега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година.