На 17 септември 2018 година во просториите на  Нотарската комора на РМ беше одржана средба меѓу претставници на Нотарската комора и Комората на медијатори

медијатори1

 

На оваа средба присуствуваше претседателот  на Нотарската комора на РМ г-дин Васил Кузманоски и потпретседателите и членовите на Управен одбор, г-ѓа Олга Димовска и г-дин Наџи Зеќири како и претседателот на Комора на медијатори г-дин Славе Младеновски и медијатор г-ѓа Роза Алексова.

медијатори 2

Целта на овој состанок беше отворање дискусија во врска со надлежноста на нотарите за солемнизација на спогодбата за медијација согласно член 22 од Закон за медијацијата  како и насоки за зголемување на соработката помеѓу двете Комори преку идни  активности низ кои можат да се согледаат и заеднички да се разрешат евентуалните дилеми кои се појавуваат во секојдневното работење меѓу нотарите и медијаторите.