23 Октомври е празник на македонскиот револуционерен дух и на непоколебливата стремеж за слобода, достоинство и сопствена државност.
На овој значаен ден, со длабока почит се потсетуваме на идеалите и пожртвуваноста на македонските револуционери, чие дело остави траен белег во националната историја и во борбата за остварување на македонската државност.
Нивната храброст и посветеност остануваат трајна инспирација и обврска да го чуваме историското наследство и да ги негуваме вредностите на слободата, правдата и единството.
Почитта кон минатото се изразува и преку одговорноста кон сегашноста и иднината. Да ги негуваме единството, правдата и меѓусебното почитување и со посветеност да придонесуваме за зачувување на вредностите врз кои се темели нашата државност.
Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!