На 31 октомври и 1 ноември 2026 година, во хотел „Александар Палас“ во Скопје, во организација на Нотарската комора на Република Северна Македонија, се одржаа Нотарските денови – стручно советување на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“.

slika cece

Советувањето го отвори претседателот на Нотарската комора, нотар Цеца Малева Стоев, која во своето обраќање го истакна значењето на континуираното стручно усовршување, професионалната одговорност и соработката со судството и академската заедница. Воедно, се осврна на 30 години од донесувањето на Законот за вршење на нотарски работи, со кој беа поставени темелите на нотаријатот во државата, оддавајќи признание на сите кои придонеле за неговото воспоставување и развој.

На отворањето се обрати и министерот за правда, д-р Јетон Шасивари, чие присуство претставува значајна институционална поддршка за нотарската професија и нејзината улога во обезбедувањето правна сигурност на граѓаните. Учеството на министерот е од особено значење за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за правда и Нотарската комора, како и за продолжувањето на институционалниот дијалог за прашањата од значење за нотарската служба.

min.shasivari.notarski.denovi.31.10.2026     

На настанот присуствуваа и претседателот на Основниот граѓански суд Скопје, Бесник Авдија, судии и претставници на академската заедница.

Во рамките на отворањето беше изразена посебна благодарност до долгогодишните соработници на Комората – Ранко Максимовски, д-р Фиданчо Стоев и Теофил Томановиќ, за нивната стручна поддршка и значајниот придонес во работата на Комората и стручното усовршување на генерации нотари.

Стручниот дел опфати излагања на судијата Ирена Костадинова Ангелова, проф. д-р Ангел Ристов и нотар Марјан Коцевски, посветени на актуелни прашања од наследното право, тестаментот и договорот за доживотна издршка. Преку дискусии и размена на искуства беа разгледани конкретни дилеми од судската и нотарската практика, со цел унапредување на постапувањето и поусогласена примена на правото.

notarki.denovi.31.10.2026