Честитка од Владата на РМ по повод членството на Нотарска комора на РМ како член набљудувач на CNUE
Честитка од Владата на РМ по повод членството на Нотарска комора на РМ како член набљудувач на CNUE
Нотарска комора на Република Македонија стана член на Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE) со статус на набљудувач Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE) на Генералното собрание одржано на 16 и 17.6.2017 година, во Шпанија ја одобри апликацијата и ја прифати Нотарската комора на Република Македонија за член со статус на набљудувач во CNUE. CNUE е тело основано во 1993, со седиште во Брисел, а од 1 јануари 2006 добива статус на Совет на нотаријатите на ЕУ и е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со Европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во институциите на Европската унија.
Делегација составена од Претседателот г-дин Кузманоски, Потпретседателите г-дин Зеќири и г-ѓа Димовска и нотар г-дин Арслани беа во Министерството за правда каде беше остварена средба со новиот Министер г-дин Саљији. На средбата се разговараше за моменталната состојба на нотаријатот во Република Македонија, за новините кои ги донесе Законот за нотаријатот како и за потребата од ревидирање на постоечките правни норми.