На 20 октомври 2026 година, во просториите на Нотарската комора беше остварена средба со делегација од Ерменија предводена од претседателот на Нотарската комора на Ерменија г-ѓа Lilit Muradyan, посветена на размената на професионални искуства и можностите за развивање на меѓусебната соработка.

Во текот на средбата, претставниците на Комората и членовите на делегацијата разговараа за организацијата и функционирањето на нотаријатот во двете земји, надлежностите на нотарите и нивната улога во обезбедувањето правна сигурност на граѓаните. Беа разменети и искуства за секојдневното работење, примената на законските решенија и предизвиците со кои се соочува нотарската професија.

Посетата беше можност за запознавање со различните пристапи и практики во вршењето на нотарската служба, како и за согледување на заедничките прашања од интерес за нотаријатот. Во разговорите беа разгледани можностите за продлабочување на професионалните контакти и остварување идна соработка преку размена на информации, добри практики и учество во стручни активности од заеднички интерес.

Средбата се одржа во духот на отворен дијалог и заемно почитување, со изразена подготвеност за продолжување на комуникацијата и зајакнување на професионалните врски. Ваквите посети претставуваат значајна можност за зближување на нотаријатите и за унапредување на меѓународната соработка на Нотарската комора.

 

Делегација Ерменија.jpg

На ден 5 октомври 2026г. во просториите на Нотарската комора претседателот на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев одржа средба со Амбасадорот на Република Франција, екселенција Cristophe Le Rigoler и претставници на Амбасадата.

На средбата се разговараше за улогата и значењето на нотаријатот во правосудниот систем, со посебен осврт на принципите на латинскиот нотаријат и нивното значење за обезбедување правна сигурност и превентивна правна заштита.

Беа разменети мислења и за реформските процеси во нотаријатот, дигитализацијата на нотарските услуги, унапредувањето на законската рамка, како и за улогата на нотаријатот во спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот.

На средбата беше истакната важноста од понатамошно унапредување на институционалната соработка и размена на искуства, во насока на јакнење на нотаријатот и негово усогласување со европските стандарди и препораките на Европската комисија.

лого НК.pngfrance.jpg6

 

На 16 септември 2026 година, во Министерството за дигитална трансформација, претставници на Нотарската комора на РСМ, предводени од претседателот Цеца Малева Стоев, одржаа работна средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

На средбата се разговараше за понатамошната дигитализација на нотарското работење, со посебен акцент на електронската нотарска архива, користењето на националната платформа за интероперабилност и унапредувањето на електронската размена на податоци со надлежните институции.

Беше истакната важноста од продолжување на соработката и преземање активности за модернизација и унапредување на електронските услуги во нотаријатот.

MDT.pngлого НК.png

 

а.jpg

Во периодот од 14 до 17 октомври 2026 година, во Тирана, Албанија, се одржуваа институционалните состаноци на Меѓународната унија на нотари (UINL), кои ги обединија претставниците на нотаријатите членки од целиот свет.

На настанот учествуваа претседателот на Нотарската комора на РСМ, нотар Цеца Малева Стоев, потпретседателот  на Комората, нотар Артан Раховица, и нотар Ванчо Андоновски, во својство на член на Генералниот совет на UINL.

Програмата опфати состаноци на комисиите и работните групи, Управниот комитет, како и заедничка седница на Генералното собрание на нотаријатите членки и Генералниот совет.

Централната тема беше посветена на „Нотарот како чувар на правната доверба во ерата на вештачката интелигенција: зачувување на човечкото расудување во дигиталниот свет“, со посебен осврт на улогата на нотарот во зачувувањето на правната сигурност и довербата во услови на дигитализација.

Во рамките на настанот, претставниците на Комората остварија средби со претставници на нотаријатите членки на UINL, на кои разменија искуства и мислења за актуелните предизвици во нотарската професија, нотарската практика и дигитализацијата, како и за можностите за продлабочување на меѓународната соработка.

 

 

Делегацијата на НКРСМ со претседателот на меѓународната унија на David Figueroa Márquez Со Претседател на УИНЛ.jpg

 

 

 

viber_image_2026-10-19_10-03-05-552.jpg

Претседателот на Нотарската комора на Република Северна Македонија, нотар Цеца Малева Стоев, учествуваше на 122. Конгрес на нотарите на Франција, кој се одржа од 30 септември до 2 октомври 2026 година во Лил, Франција, како меѓународен гостин на претседателот на Високиот совет на нотарите на Франција, Bertrand Savouré.

Конгресот, посветен на темата „Нотарот и данокот“, собра бројни претставници на францускиот нотаријат, високи претставници на француските институции и гости од нотарските комори од повеќе земји.

На свеченото отворање се обратија високи претставници на француските институции, меѓу кои Amélie Verdier- генерален директор на Генералната дирекција за јавни финансии (DGFiP), и Valérie Delnaud - директор на Дирекцијата за граѓански работи и печат.

Во рамки на програмата за меѓународните гости беа организирани работилници и стручни сесии посветени на актуелни прашања од нотарската професија, меѓу кои меѓународното наследување, нотарската етика и примената на вештачката интелигенција во нотаријатот, како и официјални приеми и средби со претставници на нотарските комори и организации од различни земји.

Учеството на овој меѓународен настан претставува важна можност за размена на искуства и добри практики, зајакнување на соработката со европските нотарски комори и афирмација на македонскиот нотаријат во рамки на меѓународната нотарска заедница.

viber_image_2026-10-06_09-08-17-247.jpg  viber_image_2026-10-06_09-06-32-694.jpg

 

 

лого НК.png  mvr.png

 

На 16 септември 2026 година, во Министерството за внатрешни работи, преставници на Нотарската комора на РСМ, предводени од претседателот Цеца Малева Стоев одржаа работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

На средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу двете институции, особено во делот на електронската размена на податоци.

Посебно внимание беше посветено на потребата од електронско поврзување на нотарите со Регистарот на возила и Регистарот на лични документи на МВР, со што би се овозможиле побрзи, поефикасни и поедноставни постапки, што би било од корист како за нотарите и институциите, така и за граѓаните.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на комуникацијата и преземање конкретни активности со цел што поскоро воспоставување на предвидените форми на соработка.

 

 

На 15 октомври 2026 година, во просториите на Министерството за финансии, претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија нотар Ана Јолакоска, потпретседател на Комората и нотар Фатмир Ајрули одржаа состанок со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на посетата посветена на локалните даноци и такси.

На состанокот беа разгледани улогата на нотарите во евидентирањето на продажните цени на недвижностите и договорите за закуп, нивната улога во верификувањето на продажните цени за потребите на оданочувањето на прометот на недвижности, како и прашањата поврзани со ефикасноста на наплатата на данокот на имот.

Завршниот состанок на Мисијата на ММФ во Министерството за финансии ќе се одржи на 22 октомври 2026 година.

 

mmf.jpg лого НК.png

Претставници на Нотарската комора на Северна Македонија учествуваа на обуката на тема „Граѓанската одговорност на адвокати, нотари и извршители", организирана на 30 септември 2026 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка со Германската фондација за меѓународна соработка (ИРЗ).

На обуката, наменета за судии од граѓански оддели, адвокати, нотари и извршители, беа обработени прашања поврзани со нормативното уредување и одговорноста за штета при вршењето на професионалната дејност, правната сигурност на граѓаните, релевантната судска практика и компаративните искуства од германската правна пракса.

Учеството на обуката претставува придонес кон унапредување на нотарската пракса, поголема правна сигурност и воедначена примена на правото.

1.jpg  2.jpg

Фотографиите се преземени од сајтот на Академија на судии и јавни обвинители

 

На 10 септември 2026 година, во просториите на АД „Пошта на Северна Македонија“, беше остварена работна средба помеѓу претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија, предводени од претседателот на Комората, Цеца Малева Стоев, и генералниот директор на АД ,, Пошта на Северна Македонија, г-дин Орхан Куртиши, директор за поштенски операции г-дин Бојан Кереметески и други претставници од Пошта.

На средбата се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка и за можностите за унапредување и поефикасно организирање на доставата на писмените пратки во рамките на нотарското работење.

Посебен акцент беше ставен на практичните предизвици со кои се соочуваат нотарите при доставата, како и на изнаоѓање решенија кои ќе придонесат за навремена, сигурна и поефикасна достава.

Со отворен дијалог и заеднички пристап, Нотарската комора и АД „Пошта“ продолжуваат да работат на унапредување на соработката во интерес на ефикасното нотарско работење и правната сигурност на граѓаните.

 

лого НК.png  лого МАК.пошта.png

Во просториите на Нотарската комора на Република Северна Македонија претседателот на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев одржа средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, политички советник г-дин Martin Schroeder и  советник за правни прашања и евроинтеграција, г-ѓа Marina Kurte.

На средбата се разговараше за тековните реформски процеси во нотаријатот, со посебен осврт на измените и унапредувањето на Законот за нотаријатот, како и на прашањата поврзани со бројот на нотарите, економската одржливост на нотаријатот и примената на Нотарската тарифа.

Беа разменети мислења и за улогата на нотаријатот како составен дел од правосудниот систем, потребата од создавање услови за одржлив и функционален нотаријат, како и за неговото понатамошно усогласување со европските стандарди и препораките на Европската комисија.

На средбата беше истакната важноста од континуиран дијалог и институционална соработка во процесот на реформи, со цел унапредување на нотарската професија и нејзино соодветно позиционирање во рамките на правосудниот систем.

461530969_947789564052125_3950998116860850765_n.jpg  лого НК.png

На 28.09.2026 година, во просториите на Управата за водење на матичните книги, се одржа работен состанок со учество на претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Управата за водење на матичните книги, Министерството за дигитална трансформација и информатички стручни лица.

На состанокот се разговараше за поврзување на Централната електронска архива на нотарите со Управата за водење на матичните книги преку Националната платформа за интероперабилност.

Целта е да се овозможи нотарите, во рамките на нотарските постапки, електронски да прибавуваат податоци и изводи од матичните книги на родените, венчаните и умрените, со што ќе се олесни и забрза постапувањето и ќе се намали административниот товар за граѓаните.

На состанокот беа разгледани и техничките можности и следните чекори за реализација на поврзувањето, како дел од процесот на дигитализација и унапредување на нотарските услуги.

 

UVMK.png  лого НК.png

На 10 септември 2026 година, во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности, беше остварена работна средба помеѓу претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија, предводени од претседателот на Комората, Цеца Малева Стоев, и директорот на Агенцијата, г-дин Иван Живковски, со претставници од Катастарот.

На средбата се разговараше за натамошно унапредување на досегашната соработка, практичните предизвици со кои нотарите како професионални корисници се соочуваат во секојдневното работење, како и за изнаоѓање заеднички решенија за нивно надминување.

Преку отворен дијалог и размена на искуства, двете институции ја потврдија заложбата за продолжување на успешната соработка, со заедничка цел – побрзи и поефикасни постапки, поголема правна сигурност и поквалитетни услуги за граѓаните и правните лица.

 

аа.jpg

Фотографија преземена од fb профилот на АКН

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30