Врз основа на утврдената мерка на Владата на Република Северна Македонија донесена на својата 32 - та седница одржана на ден 31.3.2020 година, со која се формира солидарен фонд COVID-19 фонд, односно наменска сметка за примање на донации од правни и физички лица кои ќе имаат можност и волја да донираат средства кои ќе се користат за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот и јавниот повик од претседателот на Владата на РСМ, Управниот одбор на Нотарската комора на Република Северна Македонија на ден 14.4.2020 година донесе одлука за активно вклучување во акцијата за донација и доделување на парични средства за поддршка и помош во справувањето во борбата со ширење на коронавирусот. Во донацијата на повик на Нотарската комора се вклучија и дел од нотарите од Република Северна Македонија со свои финансиски парични средства на доброволна основа.

жиг восок 2020

Вкупно собраните парични средства во износ од 161.500,00 денари се уплатени на наменската сметка на Владата на Република Северна Македонија за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД – 19, за што на ден 30 април 2020 година е склучен и Договорот за доделување на средства по основ на донација помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Нотарската комора на Република Северна Македонија.

пенкало пишува 2020

Здравјето е сопствена, но и колективна одговорност на сите нас.

 

Хуманоста и солидарноста немаат граници, а подадената рака е секогаш добродојдена онаму каде што е потребно.

Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1, 
1000, Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

       + 389 (0)2 3214 448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8.30ч - 16.30Ч