(мандатен период 2020-2023 година)

 

На редовното изборно Собрание на Нотарската комора на Република Северна Македонија, кое се одржа на ден 4 јули 2020 година во Скопје, се изврши избор на претседател и на членови на органи (Управен одбор, Надзорен одбор, Дисциплински совет) на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатен период 2020 -2023 година.

-За претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатниот период 2020-2023 година избран е НОТАР МЕТОДИЈА РИСТОСКИ од Скопје.

meto govor kandidat za pretsedatel

(нотар Методија Ристоски, претседател на Нотарска комора на РСМ)

-За членови на Управен одбор на Нотарската комора на Република Северна Македонија избрани се:

  1. Ајрули Фатмир – нотар од Скопје, од Апелационо подрачје Скопје,
  2. Ангеловска Виолета- нотар од Битола, од Апелационо подрачје Битола,
  3. Ваневска Лорија – нотар од Куманово, од Апелационо подрачје Скопје,
  4. Дамјановска Јанчевска Билјана – нотар од Битола, од Апелационо подрачје Битола,
  5. Јованов Звонимир - нотар од Велес, од Апелационо подрачје Скопје,
  6. Миовска Татјана – нотар од Берово, од Апелационо подрачје Штип и
  7. Николов Ѓорѓи – нотар од Гевгелија, од Апелационо подрачје Скопје.

 

-За членови на Надзорен одбор на Нотарската Комора на Република Северна Македонија избрани се:

 

  1. Вангелова Маргарита – нотар од Гевгелија, од Апелационо подрачје Скопје,
  2. Даути Себаедин – нотар од Гостивар, од Апелационо подрачје Гостивар и
  3. Максуд Мексуд - нотар од Ресен, од Апелационо подрачје Битола.

 

-За членови на Дисциплински совет на Нотарската комора на Република Северна Македонија избрани се:

1.Дончева Весна – нотар од Скопје, од Апелационо подрачје Скопје и

2.Рибарева Лидија – нотар од Штип, од Апелационо подрачје Штип.

 

    За заменици – членови на Дисциплински совет избрани се:

1.Ѓорѓовски Јован – нотар од Берово, од Апелационо подрачје Штип и

2.Златковска Менче  – нотар од  Кочани, од Апелационо подрачје Штип.

 

За членови на Дисциплинскиот совет на Нотарската комора на РСМ по предлог на Судски совет на Република Северна Македонија избрани се г. Илир Сулејмани, претседател на Основен граѓански суд Скопје и г. Александар Цацков, судија на Основен суд Штип со одделение Пробиштип, а за нивни заменици избрани се г. Неџат Мемети – судија на Основниот суд Куманово и г. Зоран Герасимовски – судија на Апелационен суд Гостивар.

За член на Дисциплинскиот совет на Нотарската комора на РМ по предлог на Советот за јавни обвинители избран е јавниот обвинител во ЈОРСМ и  претседател на Совет за јавни обвинители на РСМ, г.  Ацо Колевски, а за заменик член избран е г. Владимир Милошески – Јавен обвинител во ОЈО Скопје.

 

- За  нов член на Комисијата за спроведување на конкурс за именување на нотари на Нотарската комора на РСМ по предлог на Судскиот совет на Република Македонија избран е г. м-р Селим Адеми - член на Судски совет на РСМ.

Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1, 
1000, Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

       + 389 (0)2 3239 150

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8.30ч - 16.30Ч