Министерот за правда, Јетон Шасивари им ги додели Повелбите на новоименуваните нотари
 
cert 26 28 2026 1

 

Упатувајќи им искрени честитки, им посака успешна и професионална работа, со порака дека, заедно со своите поискусни колеги, треба да бидат цврст темел на правдата, правната сигурност и владеењето на правото.
 
„Вашата професионалност, интегритет и одговорност се од особено значење за јакнењето на довербата на граѓаните во правниот систем“, истакна министерот Шасивари.
 
Новите нотари ја преземаат својата одговорна функција со обврска да постапуваат совесно, непристрасно и во согласност со законите, придонесувајќи кон ефикасен и сигурен правен систем.
 
Им посакуваме многу успех, професионални предизвици и резултати во извршувањето на нивната значајна функција, со уверување дека нивната работа ќе биде во служба на граѓаните и правдата.
 
cert 26 28 2026 2cert 26 28 2026 3cert 26 28 2026 4
 

На 27 август 2026 година, во просториите на Нотарската комора на Република Северна Македонија, се одржа прием на новоименуваните нотари.

Претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев, упати честитки по повод нивното именување и им посака успешна работа, нагласувајќи ја одговорноста и значењето на нотарската функција во обезбедувањето правна сигурност и заштитата на правата и интересите на граѓаните.

Притоа, беше истакнато дека совесното, одговорното и професионалното вршење на нотарската функција, со доследно почитување на законите и етичките начела на професијата, претставува основа за зачувување на довербата на граѓаните во нотарската служба.

1234

 
Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30