ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКА ПРАВДА 25 -ТИ ОКТОМВРИ
По повод 25-ти октомври –Европскиот ден за граѓанска правда, Ве информираме дека Нотарската комора организира on-line настан, со кој ќе им се овозможи на граѓаните одблиску да се запознаат со надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат во постапка пред нотар, како и други прашања поврзани со нотаријатот.
Секој заинтересиран граѓанин со креирање на сопствен account преку поставениот линк за приклучување на Google Meet платформа, можат на ден 25 октомври 2022 година во периодот од 13 до 15 часот, да се вклучат online во Комората и да постават прашање од областа на нотаријатот.
линк:
https://meet.google.com/eok-nxjx-dhz
Нотарска комора на РСМ