На 27 јули 2026 година, во просториите на Министерството за правда се одржа работна средба помеѓу министерот за правда д-р Јетон Шасивари и претседателот на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Цеца Малева Стоев.

На средбата се разговараше за актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на измените на Законот за нотаријат, унапредувањето на дигитализацијата на нотарските услуги и понатамошното зајакнување на соработката помеѓу Министерството за правда и Нотарската комора, со цел обезбедување поголема правна сигурност и поквалитетни услуги за граѓаните и правните субјекти.
линк – Министерство за правда: https://www.pravda.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/zaednicka-zalozba-za-poefikasen-i-potransparenten-notarijat
