На 15 октомври 2026 година, во просториите на Министерството за финансии, претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија нотар Ана Јолакоска, потпретседател на Комората и нотар Фатмир Ајрули одржаа состанок со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на посетата посветена на локалните даноци и такси.
На состанокот беа разгледани улогата на нотарите во евидентирањето на продажните цени на недвижностите и договорите за закуп, нивната улога во верификувањето на продажните цени за потребите на оданочувањето на прометот на недвижности, како и прашањата поврзани со ефикасноста на наплатата на данокот на имот.
Завршниот состанок на Мисијата на ММФ во Министерството за финансии ќе се одржи на 22 октомври 2026 година.

