Во периодот од 14 до 17 октомври 2026 година, во Тирана, Албанија, се одржуваа институционалните состаноци на Меѓународната унија на нотари (UINL), кои ги обединија претставниците на нотаријатите членки од целиот свет.
На настанот учествуваа претседателот на Нотарската комора на РСМ, нотар Цеца Малева Стоев, потпретседателот на Комората, нотар Артан Раховица, и нотар Ванчо Андоновски, во својство на член на Генералниот совет на UINL.
Програмата опфати состаноци на комисиите и работните групи, Управниот комитет, како и заедничка седница на Генералното собрание на нотаријатите членки и Генералниот совет.
Централната тема беше посветена на „Нотарот како чувар на правната доверба во ерата на вештачката интелигенција: зачувување на човечкото расудување во дигиталниот свет“, со посебен осврт на улогата на нотарот во зачувувањето на правната сигурност и довербата во услови на дигитализација.
Во рамките на настанот, претставниците на Комората остварија средби со претставници на нотаријатите членки на UINL, на кои разменија искуства и мислења за актуелните предизвици во нотарската професија, нотарската практика и дигитализацијата, како и за можностите за продлабочување на меѓународната соработка.
Делегацијата на НКРСМ со претседателот на меѓународната унија на David Figueroa Márquez ![]()
