Врз основа на член 57 од Законот за именување и дополнување на Законот за вршење на нотарските работи ( Службен весник на РМ бр. 25/98 ) именуваните нотари во Република Македонија, нз Основачкото собрание, одржано во Скопје, на ден 15.08.1998година донесоа:

 

 

ОДЛУКА

за основање на Нотарска комора на Република Македонија

 

Член 1

Се основа Нотарска комора на Република Македонија.

 

Член 2

Седиштето на Комората е во Скопје.

 

Член 3

Привремена адреса на Комората ќе биде на улица Димитрија Чуповски бб, во просториите на Министерството за правда.

 

Член 4

Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

Член 5

Оваа одлука се објавува во Службен весник на Република Македонија.

 

15.08.1998година

Скопје

Работно председателство

ПРЕТСЕДАВАЧ

Никола Кајчевски

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30