Информација за одржана средба со поранешните претседатели на Нотарската комора
На ден 21 јули 2026 година, во просториите на Нотарската комора на Република Северна Македонија се одржа средба на претседателот на Нотарската комора на РСМ, Цеца Малева Стоев со сите поранешни претседатели на Комората.
Средбата се одржа во духот на меѓусебна соработка, почитување и континуитет во развојот на нотаријатот. Притоа беше извршена размена на мислења, искуства и ставови во однос на досегашниот развој на нотаријатот, предизвиците со кои се соочувала Комората во различни периоди, како и можностите за понатамошно унапредување на работата и функционирањето на Нотарската комора.
Поранешните претседатели ги споделија своите искуства и практики стекнати во текот на нивните мандати, при што беа изнесени конструктивни предлози и идеи кои ќе придонесат за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на Комората, подобрување на работата на нотаријатот и унапредување на професионалните стандарди.
Беше истакната заедничката определба ваквите средби да продолжат и во иднина, со цел искуството и знаењето на поранешните претседатели да претставуваат значајна поддршка во креирањето на идните активности и развојните политики на Нотарската комора.







