al palas 4

На 30 Март 2019 година во хотел Александар Палас, Скопје се одржа 21 - вото Редовно Годишно Сoбрание на Нотарската комора на РМ на кое беа усвоени извештаите од работењето на органите на Нотарската комора на РМ во претходната година.

Повеќе...

Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година донации беа поделени во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово, Центарот за деца со церебрална парализа во Скопје и бо ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола кој згрижува дечиња од најмала возраст па се до 3 години. 

Повеќе...

3K1A5930 800x600

Делегација предводена од претседателот на Нотарската комора г-дин Васил Кузманоски, претседателот на Меѓународната унија на нотарите г-дин Хозе Маркењо де Ллано (José Marqueño de Llano) ,  Потпретседателот на Германската сојузна нотарска комора и потпретседател на Комисијата за меѓународна соработка при Мегународната унија на нотаријатите  г-дин Ричард Бок (Richard Bock) и д-р Ловро Томашиќ, нотар во Германија во склоп на прославата 20 години од основањето на нотаријатот во РМ оствари работна средба со Министерката за правда д-р Рената Дескоска.

Повеќе...

55857648 822462694813109 6811348459602313216 n

На ден 27 март 2019 година, на иницијатива на Управата за финансиско разунавање во просториите на Нотарската комора на Република Македонија е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиско разузнавање и Нотарска комора на Република Северна Македонија, со цел уредување на соработката помеѓу Нотарската Комора и Управата во полето на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, врз основа на надлежностите и овластувањата кои што произлегуваат од законската регулатива која што ја регулира материјата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, законската регулатива која што го регулира работењето на нотарите, Националната стратегија за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот и меѓународните стандарди.

Повеќе...

 

Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветуваме на најмалите, ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола кој згрижува повеќе од 60 дечиња, од најмала возраст па се до 3 години.

Повеќе...

      На ден 26 февруари 2019 година во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности се одржа работна средба помеѓу претставници од Нотарската комора на РМ предводена од претседателот, г-дин Васил Кузманоски и претставници од Агенцијата за катастар на недвижности предводени од директорот г-дин Борис Тунџев.

 

notari1

Повеќе...

Претседателот на Нотарска комора на Република Македонија, Васил Кузманоски и директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски на 18 октомври 2017 година потпишаа меморандум за соработка.

*фотографијата е преземена од МИА

Меморандумот се однесува на електронска размена на податоци за постапките кои се водат пред нотар. Преку пристап до веб порталот на Управата ќе биде овозможено добивање на изводи, по електронски пат, во рок не подолг од 48 часа, нотарот електронски ќе може да го прибави документ кој му е потребен во постапка со што се овозможува по ефикасно и по брзо остварување на правата на граѓаните.

Повеќе...

IMG 20190209 122621 640x480

Делегација на Нотарската комора на Р. Косово предводена од претседателот Алириза Беши, членови на Комората како и претставници од Министерството за правда на Р. Косово во х. Холидеј ИН, Скопје на 9 февруари 2019г. оствари работна средба со делегација на Нотарската комора на Р. Македонија предводена од претседателот Васил Кузманоски.

Повеќе...

Претседателот на Нотарска комора на РМ, г-дин Васил Кузманоски и Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“,  проф. др. Горан Коевски, на 7.10.2017 година во Струга, потпишаа Меморандум за соработка.

Повеќе...
Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214 448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
8.30ч - 16.30Ч