Претседателот на Нотарска комора на Република Македонија, Васил Кузманоски и директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски на 18 октомври 2017 година потпишаа меморандум за соработка.

*фотографијата е преземена од МИА

Меморандумот се однесува на електронска размена на податоци за постапките кои се водат пред нотар. Преку пристап до веб порталот на Управата ќе биде овозможено добивање на изводи, по електронски пат, во рок не подолг од 48 часа, нотарот електронски ќе може да го прибави документ кој му е потребен во постапка со што се овозможува по ефикасно и по брзо остварување на правата на граѓаните.

 

*фотографијата е преземена од МИА

Меморандумот беше потпишан и од страна на, претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Зоран Димов, претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски, а свое обраќање имаше и Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

       

Претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, г-дин Васил Кузманоски во своето обраќање од името на сите нотари во Република Македонија се заблагодари на Управата за водење на матични книги за соработката и поддршката се со цел ефикасно извршување на законските надлежности и унапредување на услугите кон граѓаните во поглед на остварување и регулирањето на нивните права и обврски во согласност со утврдените надлежности, со надеж дека со потпишувањето на овој Меморандум, односите и соработката на Нотарската комора на Република Македонија со Управата за водење матични книги значително ќе биде зголемена, со примена на највисоките стандарди за етичко и законито однесување во спроведувањето на правата и обврските кои произлегуваат од него.

Посетете не

ул. Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
9.00h - 17.00h