На 17 јуни 2019 година во Француската амбасада во Скопје, претседателот на Нотарската комора, г-дин Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор на Нотарската комора, г-дин Сашо Ѓурчиноски остварија средба со францускиот амбасадор г-дин Кристиан ТИМОНИЕ.

fra amb

Делегацијата на Нотарската комора го информираше Францускиот амбасадор за одржувањето на 115 -иот Конгрес на нотарите во Франција кој се одржа во Брисел, Белгија во периодот од 2 до 5 јуни 2019 година на кој на покана на Претседателот на Нотарската комора на Франција, г-дин Marc CAGNIART присуствуваше делегација на Нотарската комора на Република Северна Македонија составена од претседателот, г-дин Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, г-ѓа Анита Адамческа. Исто така од страна на претседателот на Нотарската комора, Васил Кузманоски е дадена информација дека во периодот од 20 - 21 јуни 2019 година во Св. Мало, Франција ќе присуствува на Генералното собрание на Советот на нотаријати во Европска унија (CNUE) каде Нотарската комора на Република Македонија е официјално членка набљудувач. Советот на нотаријати во Европска унија (CNUE) е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со Европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во институциите на Европската унија.

На крајот од средбата беше разговарано за придонесот на нотаријатот во зајакнување на правната сигурност и вкупниот општестевен и економски развој на државата и македонското законодавство, како и за огромниот придонес за подобрување на билетаралните односи со нотаријатите на земјите членки на Европската унија, за доближување и прилагодување кон европските правила и прописи и давање иницијативи за подобрување и моделирање на областите на правдата, слободата и безбедноста на граѓаните и правото на Европската унија.

Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214 448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
8.30ч - 16.30Ч