23 август 2019 година во Берлин

На иницијатива на Федералната комора на нотарите на Република Германија, на ден 23 август 2019 година во Берлин, Германија е склучен и свечено е потпишан Договор за меѓународна соработка помеѓу Федералната комора на нотарите на Република Германија, претставувана од правниот советник г-дин Ричард Бок, главен претставник на Федералната германска нотарска комора за меѓународни прашања и Нотарската комора на Република Северна Македонија, претставувана од претседателот г-дин Васил Кузманоски.

Станува збор за прв ваков договор од меѓународен карактер, кој Нотарската комора на Република Северна Македонија во досегашното 20 годишно постоење го потпиша со држава, земја членка на Европската унија.

slika 2 berlin

Договорот е потпишан во просториите на Федералната комора на нотарите на Република Германија, а на чинот на потпишување покрај делегацијата од Нотарската комора на Република Северна Македонија составена од претседателот г-дин Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, г-ѓа Анита Адамческа, присуствуваше и претставник од Министерството за правда на Република Северна Македонија, државниот советник г-ѓа Љубица Караманди Попчевски, амбасадорот на Република Северна Македонија во Берлин г-дин Рамадан Назифи и г-дин Драган Петковски – министер советник во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, како и г-дин Ловро Томашиќ- претставник за меѓународни односи на Федералната комора на нотарите на Република Германија и г-ѓа Надја Данингер – Кандидат за нотар во Германија.

slika 1 berlin

Нотарската комора на Република Северна Македонија и Федералната комора на нотарите на Република Германија веќе со години соработуваат за унапредување на квалитетот во полето на превентивната правда во Република Северна Македонија и во целиот регион, преку одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања, професионалните тренинзи, половата еднаквост и предизвиците на дигитализацијата во нотаријатот организирани преку проектите организирани од страна на Германскиот отворен фонд за југоисточна Европа (ГИЗ) и Германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

Токму оваа соработка беше поттик и цел за склучување на Договорот, со кој се покажува дека германскиот и македонскиот нотаријат имаат заеднички интереси, односно поставување на основа за идни размени меѓу двете институции со обврзување за споделување информации организирање заеднички проекти, особено оние кои се однесуваат на професионалниот тренинг, правните случувања и дигитализацијата. Македонскиот нотаријат кој е широко отворен за соработка во секое поле, особено кога станува збор за германскиот нотаријат, кој изминативе години активно се залагаше за постигнување на исти цели во смисла на обезбедување на правната заштита, ќе ги вложи сите ресурси и можности за остварување на овие интереси.

dogovor slika berlin

Денешниот чин е јасна поддршка на Федералната комора на нотарите на Република Германија  не само за нотаријатот, туку и за целокупниот правен систем во Република Северна Македонија. Со тоа, Германија сака да ја покаже својата поддршка на Република Северна Македонија во евроатлантските интеграции.  Потпишувањето на овој договор е уште една потврда за напорите на Германската комора во насока на зајакнување на улогата и капацитетите на македонскиот нотаријат, унапредување на владеењето на правото и приближување до стандардите за работа и резултатите на земјите членки на Европската Унија. 

slika 4 berlin

slika 5 berlin

Најсилна потврда дека успешната соработка помеѓу Република Германија и Република Северна Македонија, претставени преку сопствените нотаријати, продолжува и во следниот период е денешниот настан, кој заслужува посебно внимание и почит.

Денешниот настан се искористи и за размена на информации и искуства помеѓу двата нотаријати, со посебен акцент на дигитализацијата на нотарското работење.

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30