На 7 - 8 октомври, 2017 година во хотел Дрим, Струга се одржаа нотарски денови организирани од страна на Нотарската комора на РМ. Нотарските денови ги отвори г-дин Васил Кузманоски, Претседател на Нотарскa комора на Република Македонија, со краток осврт кон изборот на темите, а беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Нотарската комора на РМ застапувана од Претседателот, г-дин Васил Кузманоски и Правниот факултет,, Јустинијан Први” Скопје застапуван од деканот, проф. д-р Горан Коевски.

 Теми кои беа опфатени на ова стручно советување:

  1. "Новини во Законот за општа управна постапка”

 Излагач: проф. д-р Борче Давитковски, Правен факултет ,,Јустинијан Први” Скопје

  1. “Осврт на реформите предвидени во Стратегијата за правосудство (2017 – 2021 год.),,

 Излагач:  проф.  д-р  Ана  Павловска  Данева,  Правен  факултет  ,,Јустинијан  Први” Скопје

  1. Презентација на новата веб страна на Нотарска комора на РМ

Презентер: м-р Анастазија Анастасовска, стручен соработник во НКРМ

  1. Презентација на Централната електронска нотарска архива и Регистар на тестаменти и Регистар на полномошна

Презентери: Jане Антов, проект менаџер во АД Неоком и Билјана Герасимовска, продажен специјалист во АД Неоком

Посетете не

ул. Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
9.00h - 17.00h