На 20 декември во хотел Александар, Палас, Скопје беше одржан свечен настан по повод 20 години основање на Детската амбасада за Сите деца на светот под покровителство на премиерот г-дин Зоран Заев. На овој настан како претставник на Нотарска комора на РМ присуствуваше потпретседателот на Комората и член на Управен одбор, г-дин Наџи Зеќири.

 

Детската амбасада за Сите деца на светот е основана во 1997 година и во своето постоење има многубројни активности за ресоцијализација и психофизички развој за повеќе од 15 илјади деца.

   

Нотарската комора на Република Македонија како и досега, и во иднина ќе продолжи преку скромни донации да дава свој придонес во градењето на хуманистичко општество и остварување на проектите предвидени за реализирање од страна на Детската амбасада за сите деца во Светот.

Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214 448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
8.30ч - 16.30Ч