3K1A6171 800x600

Со свечена академија во хотел Holiday INN, Скопје на 16 јуни 2018г. Нотарска комора на Република Македонија одбележа 20 години од постоењето на нотаријатот.

 3K1A6178 800x600  3K1A6152 800x600

   

Претседателот на Нотарска комора на Република Македонија, г-дин Васил Кузманоски се обрати до присутните и истакна дека со навршувањето на својата 20-годишнина, нотаријатот во Република Македонија може да се опише како еден од најуспешните, најефикасните и најстарите нотаријати во регионот. Импресивно голем број на нотарски исправи и незначителен број на правни спорови кои го одбележаа нотаријатот во овој период се најголемата потврда за ефикасноста и квалитетот на извршената работа на нотаријатот, квалитетот на нотарските акти и нотарските службени дејствија.

3K1A6209 800x600 3K1A6241 800x600

Министерката за правда на Република Македонија, д-р Рената Дескоска, која беше дел од свечената академија, во своето обраќање истакна дека во заложбите за реформи кои што ќе постојат, не само во нотаријатот, туку и во целиот правен систем, очекува соработка со Нотарската комора, особено во делот на јакнење на стручниот и професионалниот однос на нотарите и обезбедување на квалитетна и ефикасна нотарска служба.

3K1A6279 800x600 3K1A6282 800x600

3K1A6299 800x600

На свечената академија свое обраќање имаше претседателот на Меѓународната унија на нотарите г-дин Хозе Маркењо де Ллано (José Marqueño de Llano), кој ја истакна соработката помеѓу Нотарската комора на РМ и Меѓународната унија на нотаријатите уште од 2001 година, резултатите на македонскиот нотаријат и високото ниво на спремност и стручност што нотарите од Македонија го стекнале и покажале во своето 20 годишно работење.

3K1A6343 800x600 3K1A6349 800x600

Потпретседателот на Германската сојузна нотарска комора и потпретседател на Комисијата за меѓународна соработка, г-дин Ричард Бок (Richard Bock) говореше на тема “Улогата на нотарот во дигиталниот свет„  со посебен акцент на нотаријатот како професија која се прилагодува и е предводник на модерното време, преку користење на дигиталните технологии  овозможува брза и ефикасна услуга за граѓаните без да се изгуби најбитната советодавна улога. Надлежностите на нотарот доверени од државата, одговорноста која ја сноси во однос на странките се предуслов кои нотарите го исполнуваат за да уживаат доверба која е неопходно при остварување на конекции со јавните регистри.

3K1A6354 800x600 3K1A6364 800x600

Пред аудиториумот се обрати и д-р Ловро Томашиќ, нотар во Германија на тема “Економските и социјалните придобивки од превентивното спроведување на правдата и улогата на нотарот„. Истакна дека всушност, функцијата на нотарот е најдобро опишана како едношалтерски систем. Во релевантните области на правото, нотарот дејствува како високо квалификуван советник на сите страни и нему му се доверени сите три фази на договорот - подготовка, евидентирање, како и спроведување на договорот, вклучувајќи обезбедување на извршување на договорните обврските (плаќање на цена, пренос на сопственоста) и регистрирање на преносот или други промени во релевантните јавни регистри. Со силен нотаријат, државата, особено агенциите на кои им се доверени јавните регистри (катастар на недвижности, трговски регистар), добиваат веродостојни и преструктуирани податоци, како што се договорите и другите документи кои се подготвени и се контролирани од високо специјализиран, компетентен и доверлив државен службеник. Договорите подготвени од нотар се целосни и правно коректни во секој детаљ и, како резултат на тоа, таквите документи имаат многу помали шанси да предизвикаат спорови од приватните документи, како што покажуваат и податоците во Македонија.

3K1A6389 800x600 3K1A6390 800x600

Со своето присуство настанот го збогатија високи делегации од Нотарските комори на Хрватска, Босна и Херцеговина, Српска, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Н.E Амбасадор на Кралството Шпанија, г-дин Емилио Лоренцо Сера, претседателот на Адвокатска комора на РМ, г-дин Љубомир Михајловски, претседател на Комора на извршители, г-дин Зоран Димов, заменик претседател на Врховен суд,  претставници од Државно правобранителство, универзитетски професори како други  високи гости, претставници на институции од земјава.

3K1A6226 800x600 3K1A6225 800x600

За музичкиот дел беше задолжен хорот “Злата Мегленска„ чии звуци не само што ја исполнија просторијата туку и срцата на сите присутни. 

3K1A6314 800x600 3K1A6162 800x600

По повод јубилејното одбележување претседателот на Нотарската комора на РМ г-дин Васил Кузманоски на најзаслужните кои низ годините активно придонесоа за развојот на нотаријатот и неговата афирмација во земјава и во странство, свечено додели награди и признанија.

3K1A6484 800x600  3K1A6500 800x600

 3K1A6636 800x600  3K1A6695 800x600 

3K1A6731 800x600

Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214 448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
8.30h - 16.30h