IMG 6229 640x480

На  9 февруари 2019 година во Скопје, хотел Холидеј Ин, Скопје беше одржано Изборно собрание за избор на членови на Комисијата за спроведување на конкурс за именување на нотари на Нотарската комора на РМ и XXI -то Вонредно Собрание на Нотарската комора на РМ со цел давање мислење во врска со предлог Нотарска тарифа за изменување на Нотарска тарифа доставена од Министерство за правда.

 

  IMG 6209 640x480            IMG 6562 640x480           IMG 6301 640x480

За членови на Комисијата за спроведување на конкурс за именување на нотари беа избрани нотар Вирѓинија Баута од Струга и нотар Соња Божинкочева од Струмица, од редот на нотарите, како и по предлог на Судскиот совет на Република Македонија избрана е членот г-ѓа Виолета Богојеска, по предлог на Академија за судии и јавни обвинители,, Павел Шатев,, избрана е проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и по предлог на Правниот факултет ,, Јустинијан Први,, избрана е проф. д-р Татјана Зороска Камиловска.

Истиот ден беше одржано и еднодневното Стручно советување по повод Законот за изменување и дополнување на Закон за нотаријатот (Службен весник на РМ бр.233/18).

IMG 6491 640x480

Како теми на предавањето беа изложени:

,,Новини во Закон за изменување и дополнување на Закон за нотаријатот ( Сл. Весник на РМ бр.233/18),,

Излагач: г-ѓа Радица Лазареска Геровска – државен советник во Министерство за правда;

,, Постапување по примен предлог за нотарски платен налог согласно Законот за изменување и дополнување на Закон за нотаријатот ( Сл. весник на РМ бр.233/18),,

Излагач: судија Наталија Донева- заменик претседател на Основен суд Скопје 2 Скопје;

,,Решение за издавање на нотарски платен налог и приговор,,

Излагач: д-р Арсен Јаневски – професор во пензија.

Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214 448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
8.30ч - 16.30Ч